Проф. д-р Петар Атанасов - Институт за социолошки и политичко-правни истражувања

Проф. д-р Петар Атанасов


Проф. д-р Петар Атанасов  oд 1990 до 1994 година работи како новинар во Македонската телевизија, најпрвин во Информативната програма, а потоа и во Редакцијата за надворешна политика. Од 1994 до 2001 година работи во Министерството за одбрана, најпрво како советник за односи со јавноста и портпарол на министерот, а потоа и како уредник во издавачката дејност на Министерството.

Кон крајот на 2001 година се вработува во Институтот за социолошки и политичко-правни ис- тражувања како асистент истражувач,  со завршени постдипломски  студии на Филозофскиот факултет по социологија на етнички групи. Во 2011 е промовиран во редовен професор по со- циологија и комуникации. Предавал повеќе предмети: социологија, општествени промени, мул- тикултурализам, глобализација и комуникации и менаџмент на промени. Од 2011 година пре- дава методологија на научни истражувања и дизајнирање на научен проект на сите групи на постдипломски студии на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Пишува главно за социо-економскиот развој, образованието, културната и социјална исклученост, чове- ковиот развој, мултикултурализмот,  идентитетот, етничките конфликти, безбедноста и пост- конфликтна  рехабилитација.  Учествува во повеќе научноистражувачки  проекти на полето на политичката култура, демократизацијата,  инклузивноста на општеството, дискриминацијата и предрасудите,  граѓанското општество, сегрегацијата  и образованието,  децентрализација  и локална самоуправа, корупција и меѓуетнички односи.

Од 2004 до 2006 предавал мултикултурализам на постдипломските студии за човекови права на Универзитетот во Сараево во соработка со Универзитетот во Болоња. Од 2004 година е член на Балканската мрежа на научни истражувачи на глобалното владеење при Лондонската школа за економија и политички науки. Од 2006 година е член на Научниот борд на Центарот за европски и ориентални студии на Универзитетот во Болоња. Од 2008 до 2010 е визитинг професор на Универзитетот Американ колеџ-Скопје. Од 2012 година е член на Бордот на научното списание Политичко однесување и за политички анализи од Букурешт на Југоисточна Европа.

Координатор е на постдипломските студии по Нови медиуми и социјални мрежи. Исто така, е главен креатор на докторскиот студиум Социологија на организацијата. Член е на Центарот за меѓуетнички односи и Центарот за култура, медиуми и комуникации при ИСППИ.

atanasovmk@yahoo.com